Законот за вработување на инвалидни лица (“Службен весник на РМ” бр.44/2000) од неговото донесување (02.06.2000 год.) до сега претрпе повеќе измени и дополнувања.
Врз основа на Законот, од страна на Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за вработување на Република Македонија донесени се повеќе правилници и други акти.
Со цел во практиката да се обезбеди поголема достапност и применливост на Законот, како и на
правилниците и другите акти, Заедницата на заштитни друштва на Македонија ЗАПОВИМ - Скопје издаде Преглед на прописи кои го регулираат работењето на Заштитните трговски друштва и вработувањето на инвалидни лица во Република Македонија.

Прегледот на прописи е изработен во печатена форма и може да се добие бесплатно во просториите на Заедницата. Во продолжение се објавувени:

Закони

Правилници

Упатства